Кралицата со накитот му испрати порака на Трамп

Мина речиси недела дена од контроверзната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија и неговата средба со кралицата Елизабета II, а медиумите и понатаму пишуваат за неговото однесување. Така британски Гардијан пишуваше за нивната облека и истакна дека мудрата старица ги надминала, а со еден детал им испратила и сериозна порака.

Додека Доналд Трамп изгледал прилично неиспеглано, неодржувано и со откопчано сако, Меланија повторно испрати порака со својата облека, како што тоа го направила за време на посетата во центарот во кој биле сместени децата одвоени од родителите мигранти. Првата дама на САД носела јакна со натписот „Не ми е гајле, а на тебе?“

Но, Гардијан пренесува дека старицата во Британија ги надмудрила сите, со својот најдраг накит. Додека Трамп се бламирал за време на состанокот со кралицата и ги прекршил голем број на правила на однесување, кога одел пред неа, ја игнорирал, ги држел рацете во џебовите и упаднувал во збор, мудрата кралица во текот на трите дена на посета оставила модниот додаток да говори за неа. Тоа прво го приметила твитерашката Самураи Книтер.

Првиот ден за време на посетата, кралицата одлучила капутот да го накити со зелен брош, кој го добила од брачната двојка Обама во знак на пријателство. Вториот ден носела брош во облик на снегулка (таков користи Трамп кога се исмева со нежните либерални противници) кој го добила од Канада, државата со чиј премиер Џастин Трудо, американскиот претседател е во сериозен конфликт. Кралицата за третиот ден на посетата избрала брош кој за неа ја симболизира тагата, затоа што го носела на погребот на својот татко.

Британските медиуми сега се шегуваат дека резултатот е 3:0 за кралските брошови.

Дали кралицата на овој начин сакала да им испрати порака на своите гости, никогаш нема да се знае со сигурност. Но, она што може да се тврди е дека кралицата внимателно ги бира деталите во согласност со одредени настани. Така на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, носела брош кој се нарекува љубовен чвор. На расправата на Брегзит ставила шешир кој неодоливо потстетува на знамето на ЕУ.

Кралицата знае дека не смее јавно да искажува мислење за светските лидери, па можеби само сакала да го тргне вниманието на она што го мисли за Трамп, знаејќи дека обожавателите на монархијата (или само на убавиот накит) ќе ги разјаснат пораките наместо неа.

 

Scroll to Top