Кралот Чарлс го прогласи Брајан Меј за витез

Кралот Чарлс го прогласи познатиот гитарист од групата „Квин“, Брајан Меј за витез. Меј беше еден од 1000 луѓе на списокот на кралот, на кои им беа доделени традиционалните новогодишни кралски почести и одликувања. Сега музичарот ќе биде познат како Сер Брајан Меј.

Беше награден за неговиот придонес во музиката и хуманитарната работа.

„Можеби сега повеќе луѓе ќе слушаат што имам да кажам отколку порано, кога ќе кажам Сер Брајан Меј на телефон“, рече Меј кој по професија е астрофизичар и се занимава со борба за благосостојбата на жовотните. Откако беше одликуван од кралот, рече дека ќе се бори за правда за луѓето кои немаат глас.

Стана познат и по пеењето на химната God Save the Queen на покривот на Бакингемската палата по повод 50-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета во 2002 година. Свиреше и оваа година во јуни на по повод 70-годишнината од нејзиното владеење.

За потсетување годинава 1.107 лица се најдоа на кралската почесна листа, меѓу кои 548 жени. Кралските почести се доделуваат двапати годишно, на Нова година и по повод официјалниот роденден на монархот.

Роденденот секогаш се слави во јуни, без оглед на вистинскиот датум на раѓање. Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година.

Scroll to Top