Кралските експерти: Мемоарите на Хари не можеа да дојдат во полошо време за кралот

Мемоарите на принцот Хари не можеа да дојдат во полошо време, предупредуваат кралските експерти. Неговата книга го прави кралот Чарлс неврозен и тоа во периодот кога го планира крунисувањето.

Автобиографијата на принцот Хари од 416 страници требаше да излезе порано, но, според издавачот Penguin Random House имало низа измени кои се случиле во последен час, па ќе излезе на 10 јануари 2023.

Кралскиот експерт Ричард Фитзвилиамс, предупреди дека објавувањето на книгата нема да му помогне на Чарлс Трети, а ниту на сопругата Камила. Со објавувањето на мемоарите, најзагрозен е односот меѓу таткото и синот, кој е на тенок мраз од кога Хари лоши пораки за Камила.

Од Хари наводно побарале низа измени и да биде помалку критичен кон кралското семејство.

„Никогаш не била добра идејата Хари, петтиот по ред за престолот и државен советник, со само 38 години, да напише мемоари кои по својата природа ќе бидат контроверзни“, рече Ричард.

Чарлс не му дозволува на синот да ја навредува Камила, а тој сепак тоа го прави. Наводно не може да се помири со тоа на местото на неговата мајка, принцезата Дајана, дојде друга жена. Ако книгата биде критична кон кралицата, Чарлс ќе му забрани на Хари да дојде крунисувањето.

„Секогаш ќе се водат битки околу содржината. Но, дали може да се направат позначителни промени на време? Да, во модерниот свет многу е лесно да се променат работите и да се напишат. Клучниот период за продажбата на книгата е Божиќ. Тоа Хари ќе го пропушти“, рече Борковски.

За новиот крал, кој се уште го планира своето крунисување, ова не би можело да дојде во полошо време, велат експертите.

 

 

Scroll to Top