Американскиот пејач Крис Браун денеска е уапсен во Париз, заедно со уште две други лица, откако 24-годишна девојка поднела тужба за силување, пренесува „Асошиејтед прес“. Девојката тврди дека била силувана во хотелската соба на Браун на 15 јануари. Меѓу уапсените е и еден од телохранителите на Браун.