Марк МекВилијамс, некогашниот телохранител на семејството Кардашијан, ги обвини Крис Џенер и нејзината ќерка Кортни Кардашијан за сексуално вознемирување на работно место. Тој ги тужи затоа што двете наводно го малтретирале со разни сексуални коментари и несоодветни постапки додека работел во нивната куќа.
Крис и Кортни демантираат дека сексуално вознемирување и велат дека тоа е само незадоволство на поранешен вработен, а сè што изјавил тој е измислица и лага.
МекВилијамс тврди дека двете жени често имале отворени сексуални коментари, коментари за неговиот изглед, неговите сексуални активности и неговите врски. Тој вели и дека Крис често го допирала, му го масирала вратот, рамената, рацете, но се обидела и да се „трие“ врз него. Тој вели дека таа имала непристојни, сексуални, сексистички, расистички, хомофобични дискриминирачки коментари кон него и неговите колеги.
„Крис негира дека некогаш се однесувала недолично кон Марк МекВилијамс. Тој работел пред куќата и никогаш не влегол ниту во куќата на Крис. Крис имала многу мала интеракција со него. Откако тој беше фатен како спие на работното место во автомобилот, од неговата компанија беше побарано да не го праќа да работи таму во иднина“, рече нејзиниот адвокат.