Крис Џенер заврши на полиграф за голото видео на Ким Кардашијан

Крис Џенер заврши на полиграф за порно снимката која беше објавена во јавност со ќерка ѝ Ким Кардашијан и раперот Реј Џеј. Кога видеото излезе во јавност, раперот  ја обвини, Џенер дека таа го објавила, за само ја направи ќерка ѝ популарна.

Крис ова го демантираше, а сега заврши и на полиграф за да ја открие вистината. Гостувајќи во шоуто на Џејмс Корден, се согласи да биде испрашувана, а прашањата и ги поставуваа Корден и нејзината друга ќерка Кајли Џенер.

Кајли ја праша мајка си прво дали ѝ е омилена ќерка, на што Џенер одговори потврдно, а полиграфот покажа дека не лаже. Тогаш водителот ја праша дали ѝ помогнала на Ким да го објави видеото, на што Џенер одговори негативно.

За потсетување, раперот на „Инстаграм“ откри дека Крис Џенер и Ким Кардашијан го однеле видеото во фирма која се занимава со индустрија за возрасни.

Scroll to Top