Крис Еванс несакајќи ги објави голите фотографии

Глумецот Крис Еванс, ѕвездата од филмот „Капетан Америка“, несакајќи објавил некои од своите голи фотографии на „Инстаграм“. Иако се обидел веднаш да ги избрише, истите ги виделе поголемиот дел од неговите фанови. Тој на „Инстаграм“ има 5,7 милиони обожаватели.

Фотографијата од неговиот полов орган, тој ја објавил случајно, кога споделил видео снимка. Несакајќи со видеото објавил галеријата, на која била и спорната фотографија.

Порталот Page Six пренесува дека неговиот „Твитер“ бил преплавен со кометари и шеги на негова сметка од страна на фановите.

Scroll to Top