Австралискиот актер Крис Хемсворт, кој ја глуми улогата на богот Тор во филмовите на „Марвел“, веќе не сака да ја игра оваа улога. Тој вели дека му е веќе здодеано и дека е време за нови предизвици.
“Уште пред да го прочитам сценариото за последниот дел му се јавив на Кевин Фејџ и му реков дека треба да се направи нешто различно, бидејќи сум си досаден сам на себе. Тој се согласи и направивме некои промени”, изјавил актерот.
Но, додал и дека договорит со студиото му е при крај, па дека најверојатно нема да потпише нов.