Крис Мартин и Дакота Џонсон се свршија по четири години врска

Пејачот на „Колдплеј“ Крис Мартин и актерката Дакота Џонсон се свршија по четири години љубовна врска. Според магазинот „ОК“, Мартин ја побарал Дакота за жена на крајот на октомври и тие треба да се венчаат на почетокот на 2022 година.

За Дакота ова ќе биде прв брак, а за Крис втор. Тој претходно десет години беше оженет со актерката Гвинет Палтроу, со која има две деца, ќерката Епл и синот Мозес.

И покрај разводот, Крис и Гвинет останаа пријатели, па често поминуваат време заедно, а друштво им прават и Дакота и новиот сопруг на Гвинет.

Дакота, која се прослави со улогата во филмот „Педесет нијанси сиво“, е ќерка на актерите Мелани Грифит и Дон Џонсон. Таа за својот приватен живот не зборува во јавноста, па и врската со Крис ја криеја долго време.

Scroll to Top