Крис Нот доби отказ од крими-серијата „Еквалајзер“, откако две жени го обвинија дека ги силувал

Холивудскиот актер Крис Нот, најпознат по улогата на Sверка во серијата „Сексот и градот”, доби отказ од крими-серијата „Еквалајзер”, откако две жени го обвинија за сексуален напад. Веста ја соопштија продуцентите на серијата, CBS и Universal Television.

„Крис Нот нема да снима повеќе епизоди од серијата, а одлуката стапува на сила веднаш”, стои во соопштението.

Актерот сепак ќе се појави во уште една епизода која е снимена претходно.

За потсетување, пред четири дена порталот The Hollywood Reporter ја пренесе приказната за двете жени кои го обвинија актерот за сексуален напад. Едната изјави дека актерот сексуално ја нападнал во 2004 година во Лос Анџелес, а другата тврдеше дека ја нападнал во стан во Њујорк во 2015 година. Но Крис ги отфрли нападите и тврди дека се лажни обвинувања.

„Обвинувањата против мене кои ги изнесоа поединки кои ги имам запознаено години, па дури и децении претходно се лажни. Средбите беа со меѓусебен договор. Тешко е да не се преиспита тајмингот на овие обвинувања. Не знам зошто сега се појавуваат, но знам едно: не сум ги нападнал тие жени”, вели актерот.

Покрај ова, и рекламата која ја сними за фитнес компанијата Peloton исто така е повлечена.

Scroll to Top