Крис Нот исфрлен од последната епизода од „Сексот и градот“

Крис Нот е исфрлен од последната епизода во продолжението на „Сексот и градот“ која ќе се емитува на 3 февруари, потврдија од „Варајети“.

Неговиот лик Џон Џејмс, беше убиен уште во првата епизода откако доживеа срцев удар додеа возеше домашен велосипед, но, требаше да се појави и во последната епизода, во моментите кога Сара Џесика Паркер ја расрпснува неговата пепел на парискиот мост Pont des Arts.

Според креативниот тим кој стои зад „И просто, така оди тоа““ одлучиле дека сцената со Нот не мора да ја има во епизодата.

За потсетување, проблемите за Нот започнаа откако неколку жени завршувањето на снимањето на сеирјата, го нападнаа и тврдеа дека сексуално ги нападнал. Нот ги негираше сите обвинувања бранејќи се дека средбите биле со нивна согласност.

„Обвинувањата против мене направени од поединци кои ги запознав пред години, па и децении, се лажни. Овие приказни може да се од пред 30 години или пред 30 дена и за мене не секогаш значи не. Тоа е линијата што не ја преминав. Средбите беа консензуални. Тешко е да не се доведе во прашање времето на објавување на овие приказни. Не знам со сигурност зошто сега излегуваат на површина, но го знам ова: јас не ги нападнав овие жени“, рече Нот.

По обвинувањата, глумецот ја изгуби и главната улога во криминалната серија „The Equalizer“.

Scroll to Top