Крис Прат ја љуби ќерката на Шварценегер

Актерот Крис Прат една година по разделбата со глумицата Ана Ферис има нова девојка. Папазаците го фотографираа Прат со Кетрин, ќерка на филмската ѕвезда Арнолд Шварценегер.

Кетрин е десет години помлада од Крис и таа е писателка на детски книги. Иако не ја потврдуваат врската, американските таблоиди пишуваат дека двојката е заедно неколку месеци и дека ги држат работите во тајност додека да се официјализира разводот на Прат.

38-годишниот Крис во моментов го промовира новото продолжение на филмот „Џурасик парк“, а се подготвува и за снимањето на новиот дел од серијалот „Чувари на галаксијата“.

Scroll to Top