Крис Рок е првиот комичар кој ќе има стендап во живо на „Нетфликс“

By

Актерот и комичар Крис Рок е првиот кој ќе настапи во живо на стриминг-платформата на „Нетфликс“.  Настапот на Рок ќе биде достапен за да може да се гледа секаде низ светот.

dobivaj vesti na viber

Како што најавија од „Нетфликс“ тоа би требало да се случи на почетокот на идната година, а повеќе детали околу шоуто на Крис Рок ќе бидат дополнително соопштени.

„Крис Рок е еден од најлегендарните и најважни комични гласови на нашата генерација. Возбудени сме што целиот свет ќе може да го искуси настапот на Крис Рок во живо и да биде дел од историјата на ‘Нетфликс‘. Тоа ќе биде незаборавен момент и почестени сме што Рок се согласи“, изјави Роби Проу, потпретседателот за комични содржини на „Нетфликс“.

Крис Рок во 2018 година веќе имаше еден стендап специјал на „Нетфликс“.

Ќе ви се допадне