Крис Рок го исмеа Вил Смит за шлаканицата на „Оскарите“

Американскиот комичар Крис Рок го одржа првиот настап во живо на „Нетфликс“ во кој го исмеа Вил Смит. Во специјалната емисија Selective Outrage Рок се потсети на инцидентот од минатата година на Оскарите кога глумецот му удри шлаканица на сцена затоа што му ја навреди сопругата Џејда Смит.

Крис призна дека шамарот го здоболело, но рече дека не бил жртва и дека никогаш немало да плаче.

„Никогаш нема да ме видите кај Опра како плачам. Тоа никогаш нема да се случи. Ја поднесов шлаканицата како боксерот Мени Пакјао“, рече Крис.

Кога го прашаа зошто не му вратил, Крис одговори дека имал родители кои секогаш го учеле да не се расправа пред белци.

По настапот некои од фановите го критикуваа и сметаат дека шегите му биле непримерни.

„Баш се радував на овој негов настап, но се чини дека ја има изгубено смислата за хумор. Настапот му беше ужасен, не можев да го гледам. Сите шеги му се грозни и ми беше незгодно да ги слушам. Дури и не жалам што Вил Смит му удри шлаканица“, биле само некои од коментарите на твитерџиите.

Scroll to Top