Сопругата на Џон Ленон, манекенката и водителка Криси Тиген, откри дека сака да ги извади силиконите. Во интервју за магазинот Glamour, таа откри дека жали што воопшто ставала силикони.
Популарната манекенка беше на насловната страница на британското списание и во ексклузивното интервју првпат прозборе за естетските корекции што ги правела.
„Ги направив градите кога имав 20 години. Го направив тоа, бидејќи бев модел за бикини и мислев: ‘Ако веќе позирам лежејќи на грб, сакам тие секогаш да бидат заоблени и убаво да изгледаат. Но, потоа родив две деца, градите ми се наполнија со млеко и испукаа, па затоа мислам дека се зезнав’“, рекла Криси.
Таа додала и дека размислува да ги извади имплантите, но и дека ѝ е страв повторно да се оперира.