Популарниот глумец Џејми Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер го очекуваат своето трето дете. Двојката е во брак од 2013 година и тие веќе имаат две ќерки.
„Да се биде татко е супер. Се чувствувам прекрасно кога треба да обезбедам за моите деца, ми се допаѓа улогата, ми одговара. Да ги направиме нашите деца среќни е движечката сила за мене и мојата сопруга. Го обожавам татковството. Уживам во тоа. Тоа е најдобрата работа што ми се случила и знам дека ова е најважната улога во мојот живот,“ изјави за американските медиуми Дорнан.
Џејми стекна светска слава со улогата на милијардерот Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сиво“. Освен со глума, Дорнан работи и како модел.