Кристијано Роналдо ја покажа 5-месечната ќерка

Фудбалерот Кристијано Роналдо го користи секој слободен момент за да ужива со своите деца. Тој вчера на својот инстаграм-профил објави фотографија со петмесечна ќерка Ева Марија. Ева Марија е девојчето што Кристијано го доби од сурогат-мајка само неколку месеци пред неговата девојка Џорџина Родригез да ја роди нивната прва ќерка Алана Мартина.

Кристијано има четири деца: синот Кристијано Роналдо Јуниор (7), близнаците Ева Марија и Матео (5 месеци) и Алана Мартина (2 недели).

Scroll to Top