Кристијано Роналдо на својата девојка Георгина Родригез ѝ дава 96.000 евра месечно затоа што таа не работи, туку седи дома и ги чува нивните деца, пишува „Газета дело спорт“. Според нив, Кристијано и Георгина направиле ваков договор, бидејќи таа, освен што се грижи за нивната ќерка Алана-Мартина, ги чува и трите деца што Роналдо ги има од сурогат мајка – ќерката Ева Мариа и синовите Матео и Кристијано Јуниор.
„На Роналдо не му е проблем да одвои скоро 100.000 евра месечно, бидејќи само од Јувентус заработува 30 милиони евра годишно, а тука се и спонзорските договори, но и неговиот бренд за долна облека“, пишува италијанскиот магазин.
Георгина, пак, која има 16,5 милиони следбеници на „Инстаграм“, заработува околу 8.000 евра месечно од рекламирање различни производи.
„Сега е јасно од каде ѝ се парите да му купи ‘мерцедес’ од 111.000 долари на Кристијано за роденденот“, стои во текстот.