Кристина Агилера за критиките дека користи Оземпик: Оваа година ќе биде поинаква

Кристина Агилера (44) одговори на негативните критики за нејзиното тело. Всушност, многумина го коментираа нејзиниот изглед на Инстаграм минатата година и шпекулираа дека пејачката користи Оземпик, добро познат лек кој многумина го користат за слабеење.

Агилера објави видео монтажа на која се прикажани снимки од коментари за нејзиниот изглед, од пофалби до критики. Видеото потоа преминува на исечоци на клипови од нејзините посебни моменти од годината.

„Оваа година правам нешто малку поинакво“, напиша таа во описот.

„Ова е потсетник за сите дека вие сте тој што ја кажува вашата приказна за сопствениот живот. Никој друг не може да ви диктира кој сте. Никој не заслужува објаснување“, рече таа.

„Доволно еволуирав за да знам дека ништо не доаѓа лесно и дека никој не е совршен“, додаде таа. „Сите ќе ве осудат. Без разлика што сте направиле. И/или што не сте направиле. Прифаќањето доаѓа со прифаќање на себеси прво. И со тешкото патување што понекогаш е потребно за тоа. Го славам секој што ќе направи еден чекор напред секој ден за да изградите подобра верзија од себе. Подарете си благодат, трпение и почит…“, вели таа во описот на објавата.

Scroll to Top