Лајонел Ричи не размислува за трет брак, претходните два го чинеле многу скапо

Американскиот музичар Лајонел Ричи на забавата по прогласувањето на победникот „Американски идол“ во ресторан во Беверли Хилс пристигнал со неговата партнерка, Швајцарката, Лиза Париџи.

Парот започна љубовна врска пред десет години кога се запознаа на службено патување во Лос Анџелес.

Париџи е основач и креативен директор на лајфстајл брендот  „Естејт колекшн“ и козметичката линија „Глоу ап бјути“. Таа е осум години помлада од 41-годишната Никол Ричи, најстарата ќерка на нејзиниот партнер.

Секое нивно јавно појавување е медиумски настан, бидејќи Лајонел Ричи и Лиза Париџи сакаат да ја чуваат својата врска и приватност подалеку од очите на јавноста. Една од ретките прилики бил концертот за крунисување на кралот Чарлс Трети и забавата во градината што ја организираше британскиот монарх во Лондон, на која главна ѕвезда беше Лајонел Ричи.

Лиза Париџи е Швајцарка со карипски и кинески корени која течно зборува четири светски јазици, а нејзината деловна кариера, пред да започне приватен бизнис, била менаџерка во неколку технолошки компании со седиште во Женева и Цирих.

Таа го запознала Лајонел Ричи на службено патување во Лос Анџелес, за време на официјална вечера во ресторан во кој во тој момент престојувал славниот музичар. Еден од гостите од друштвото на Лиза го запознал со неа, а нивниот прв разговор траел до утринските часови.

„Тоа беше неверојатно искуство. Се запознавме случајно. За прв пат во животот и се чувствував како да се познаваме цел живот”, изјавила Лиза Париџи за арапското издание на модниот магазин Harpers Bazaar.

Таа во разговорот изјавила дека омилена песна на Ричи и е „Stuck On You“. Иако Лајонел Ричи изјавил дека трет брак не му паѓа на ум, туку дека би размислувал за уште деца доколку сака неговата сакана, засега се грижат само за својот миленик Силвестер, кого на шега го нарекуваат газда на куќата во нивните објави на Инстаграм.

Лиза Париџи се зближила и со трите деца на Ричи од два брака, бидејќи тие и се многу блиски по години од познатиот музичар. Со својата врсничка и средношколска љубов Дебра Харви ја посвои ќерката Никол (41) кога таа беше уште бебе, а се разведоа во 1993 година откако сопругата го фати во кревет со Дијана Александар, втората сопруга на Ричи, со која тој го доби синот Мајлс (28) и ќерката Софија (24).

„Секој брак ме чинеше скапо, не само финансиски, туку и емотивно, па трета венчавка, иако се сметам за непоправлив романтичар, не доаѓа предвид. Но, уште едно или две деца, тоа е сосема друга приказна, особено што Лиза не само што е многу убава, туку и паметна жена, мојата најголема поддршка за справување со лудиот свет што не опкружува“, изјавил познатиот музичар кој веќе има два внуци.

Scroll to Top