Лаура Паусини и Мика ќе бидат водители на Евросонг во Торино

Италијанската пејачка Лаура Паусини, британско-либанскиот музичар Мика и италијанскиот ТВ-водител Алесандро Кателан ќе бидат домаќини на годинашниот Евросонг во Торино, Италија. Тие вчеравечер на фестивалот Сан Ремо беа претставени како водители на Евровизија.

„Вечерва бев на музичкиот фестивал Сан Ремо и сакам со сите да споделам прекрасни вести. Евросонг оваа година ќе се одржи во Торино во Италија, а јас имам чест и горд сум што ќе бидам еден од водителите на ова легендарно натпреварување. Евросонг ви благодарам што ни верувате мене, на Лаура и Алесандро. Остануваат уште 100 дена до почетокот на натпреварот“, напиша Мика и објави фотка на Инстаграм.

Евровизија оваа година ќе се одржи од 10 до 14 мај, откако лани рок-бендот Манескин победи на натпреварот во Ротердам, Холандија.

 

Scroll to Top