„Леброн Џејмс е прељубник“, славниот спортист има проблеми во бракот

Славниот спортист Леброн Џејмс кој цела кариера градеше имиџ на семеен човек, обвинет е за неверство, а скандалот веќе ги преплави социјалните мрежи.

Леброн Џејмс уште од средно училиште е со својата Савана Бринсон со која има 3 деца, а еден  од најуспешните спортисти на денешницата секогаш градел имиџ на семеен човек.

Но, само една Инстаграм објава беше доволна да направи огромен хаос и да му го сруши тој имиџ. Всушност, Ерза Халити, сопругата на спортистот Ник Венета, на Инстаграм го обвини Леброн дека е прељубник.

„Дали сум јас единствената која воопшто не го сака Леброн Џејмс? Никогаш не сум била фан на мажите кои ги изневеруваат своите жени, особено кога тоа го прават со Софија Јамор“, напишала таа, а набргу и ја избришала објавата. Но, тоа не било доволно брзо, бидејќи некој ја сликал сликата и сега истата кружи на социјланите мрежи.

Софија е популарна инфлуенсерка со 2 милиони следбеника, а работи и како манекенка. Често се гледа и на кошаркарските натпревари. Таа на Твитер се огласи  и  напиша: „Луѓето не знаат колку нивните зборови можат да заболат“, додека Леброн и неговата сопруга се уште се немаат огласено.

Scroll to Top