И покрај предвидувањата дека пејачката и актерка Лејди Гага ќе биде номинирана за најдобра актерка на претстојните „Оскари“, таа остана без номинација.
По премиерата на „Куќата на Гучи“, во која Гага ја игра главната улога Патриција Реџини, вдовицата на сопственикот на модната империја „Гучи“, обожавателите и критичарите предвидуваа дека пејачката и актерка ќе биде номинирана за најдобра актерка.
Конечната листа на сите номинирани за „Оскар“ е објавена, а може да се каже дека најголемото изненадување е што Лејди Гага отпадна од листата на најдобри актерки. „Оскарите“, наместо неа, ги бркаат Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кирстен Данст, Стивен Спилберг и други ѕвезди.
Сепак, не излезе така. Во 2019 година Гага беше номинирана за „Оскар“ во две категории – за најдобра женска улога во филмот „Ѕвездата е родена“ и за најдобра кантавторка за оригиналната песна од истиот филм – Shallow. Таа година Гага со себе го зеде „Оскарот“ за најдобра песна.