Поп-ѕвездата Лејди Гага ќе ја пее химната на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, а потоа мини концерт ќе одржи Џенифер Лопез, јавија локалните медиуми.
Веста за нивното учество на свеченоста кога Бајден ќе положи заклетва, доаѓа еден ден откако беше најавено дека церемонијата ќе ја води Том Хенкс, а ќе настапат и Деми Ловато, Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс.
Свечената заклетва на Бајден ќе се одржи на 20 јануари. Тој на изборите во ноември беше изгласан за 46. претседтаел на САД.