Лејди Гага се омажила во тајност

By

Американската пејачка Лејди Гага се омажила во тајност, пишуваат светските медиуми. Ѕвездата од филмот „Ѕвездата се роди“ од 2019 година, за која доби и „Оскар“, се омажила со Мајкл Полански пишува магазинот „Ок“.

Полански е дипломец на „Харвард“ и поранешен инвеститор, а сега моментално работи како извршен директор во фабриката „Паркер груп“. Магазинот „ОК“, пренесува дека по само две недели врска, тој со Лејди Гага се венчал на тајна церемонија. Полански ѝ подарил прстен на Гага и неколку часа по веридбата двајцата се венчале на јахта.

Веста ја потврди и извор близок до Лејди Гага, кој открива дека церемонијата била божествена и дека двајцата уживале во друштвото со семејствата и пријателите. Изворот потврдува дека двојката е подготвена и за бебе.

„Само е прашање на време кога ќе станат родители“, кратко изјавил изворот.

Двојката засега ја нема потврдено информацијата. Гага последен пат се најде во центарот на внимание за време на концертот во Лас Вегас, кога падна од бината.

„Гага доби просветлување во болницата. Откако падна на сцената мораа да ѝ го снимат телото со рендген. Тоа пробуди силни емоции кај неа“, објаснил изворот и додал дека Гага е подготвена за семејство.

Има сè што ќе посака, но ѝ недостасува некој со кого тоа може да го сподели“, открил изворот.

Тој вели дека пејачката размислува дури и да посвои дете, а подготвена е и за опцијата сурогат мајка. Таа доаѓа од силно и стабилно семејство, а мајчинството е нешто што отсекогаш го сакала, дополнил изворот.

Гага досега беше во врска со Кристијан Карино. Со агентот беше заедно во 2017 година, сè додека не го запозна Бредли Купер со кого го сними филмот кој ѝ донесе „Оскар“.

 

 

Ќе ви се допадне