Лејтон Мистер за прв пат проговори за смртта на нејзината колешка од „Gossip Girl“, Мишел Трахтенберг. Мишел почина кон крајот на февруари на 39-годишна возраст.
„Сè уште сум скршена. Таа беше прекрасна и талентирана личност, сите ја сакаа. Многу, многу е тажно за сите што ја познаваа“, рече Мистер во интервју за списанието „Флаунт“.
„Сега гледам дека серијата сè уште живее – можеби дури и повеќе отколку што живееше тогаш – што е прекрасно“, додаде таа. Мистер ја играше Блер Волдорф во серијата „Gossip Girl“, додека Трахтенберг ја играше нејзината пријателка Џорџина Спаркс.