Лени Кравиц на Бахамите, го истражи островот кајшто е роден дедо му

Светската ѕвезда Лени Кравиц со ќерката Зои неколку дена беа на Бахамите, на островот Елеутера за да го посетат местото каде што е роден и живеел неговиот дедо. Тие сакале да го истражат островот за кој Лени вели дека има специјално место во неговото срце.

„Ова беше можност да направиме нешто интересно заедно – семејна врска, патување и историја. Сакав да биде посветено на дедо ми, на местото од каде сè започна. Се работеше и за мене и за тоа од каде потекнувам. Сметав дека ќе биде убаво да одиме до крајот на островот за да ѝ покажам на Зои дел од нашата семејна историја, да им оддадеме почит на нашите предци и луѓето што живееле пред нас,“ рекол Кравиц откако се вратил од патувањето.

Познатиот музичар наскоро тргнува на нова светска турнеја. Тој ќе настапи и во Скопје на 3 мај, во арената „Борис Трајковски“.

Scroll to Top