Лео Меси чека трето дете

Фудбалската ѕвезда Лео Меси чека трето дете. Оваа вест ја сподели неговата сопруга на својата страница на „Инстаграм“.

На својот профил Антонела Ракучио објави фотографија од неа со нејзиниот сопруг и децата застанати околу нејзиниот стомак.

Коментарот на сликата е „Семејството веќе се состои од пет”.

Лионел и Антонела се венчаа во јуни 2017 година, но беа заедно 10 години. Прославата се одржа во родниот град на Меси, Росарио во Аргентина.

На церемонијата присуствуваа повеќе од 250 гости, меѓу кои и колегите на фудбалерот.

Scroll to Top