Леонардо ди Каприо и Џеф Безос направија значителна донација за заштита на дождовната шума во Амазон. Две непрофитни организации, „Ре: Вајалд конверзејшн“ на Ди Каприо и „Натуре солушнс“ на Безос, донираа 200 милиони долари за предизвикот „Протект авар планет“.
Леонардо ди Каприо и Џеф Безос ги здружуваат силите за да ја спасат амазонската прашума. Оскаровецот и основач на Амазон ќе и помогне на организацијата „Протектинг авар планет челинџ“ да инвестира 200 милиони долари во напорите на бразилската влада за зачувување на дивиот свет и домородните луѓе во Амазон во следните четири години.
„Ние сме инспирирани од амбициозните цели на Бразил за заштита на Амазон, едно од најважните места за дивиот свет на планетата, и воодушевени сме што можеме да ги поддржиме тие напори преку Предизвикот за заштита на нашата планета“, Ди Каприо, кој се приклучи на движењето преку „Ре: Вајалд конверзејшн“, се вели во соопштението.
Безос е вклучен преку неговиот „Фондот Безос за Земјата“, иницијатива што тој и неговата вереница Лорен Санчез ја започнаа за да помогнат во борбата против климатските промени.
„Амазон е клучен за иднината на глобалната биолошка разновидност и клима, и ја поздравуваме посветеноста на претседателот Лула и бразилската влада да ја заштитат“, рече Кристијан Сампер, извршен директор и раководител за решенија за природата во „Фондот Безос за Земјата“.
Предизвикот за заштита на нашата планета има за цел да го запре уништувањето на шумите во Амазон, трајно да заштити околу 60 милиони хектари неопределени јавни површини и да го зајакне управувањето со постоечките заштитени региони и правата на домородните чувари на бразилскиот Амазон.
Амазон – кој ги вклучува Бразил, Боливија, Перу, Еквадор, Колумбија, Венецуела, Гвајана и Суринам и Француска Гвајана – е од клучно значење за народите од повеќе од 400 домородни групи и е дом на милиони видови. Сепак, 17 отсто од амазонската шума веќе исчезна, а научниците стравуваат од катастрофални последици доколку таа бројка достигне 20-25 отсто, се вели во соопштението.