(Фото) Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид се криеја од папараците во ресторан во Њујорк

Откако раскина со Камила Мороне, оскаровецот Леонардо ди Каприо го врзуваа за неколку жени, но сепак се чини дека најсериозна е врската Џиџи Хадид. Глумецот бил виден во ресторан во Њујорк на вечера со една од најпознатите светски манекенки. Двајцата биле во опуштени комбинации се обидоа да се скријат од камерите.

Хадид го покри лицето со шал, а Леонардо носеше маска и капа. Уште од претходно медиумите пишуваа за нив двајцата откако беа неколку пати видени заедно. Досега ниту еден од нив не потврди, но ниту ја демантираше врската.

„Лео во моментов е сконцентриран на Џиџи, но засега таа не покажува интерес за неа. Пријатели се и Џиџи не сака ништо романтично со него“, откри извор близок до глумецот за Daily Mail.

Scroll to Top