Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо раскина со 20 години помладата Камила Мороне, пишуваат светските медиуми.
Медиумите ги покренаа сомнежите дека двојката раскинала откако Камила на црвениот тепих на филмскиот фестивал LACMA се појавила сама, без друштво на холивудскиот актер.
Иако Леонардо ди Каприо бил оправдано отсутен, сепак, новинарите пишуваат дека Камила одбила да се поздрави и да разговара со родителите на актерот, кој се појавиле на истиот фестивал.