Леонардо ди Каприо со својата девојка на одмор во Малибу

Холивудскиот глумец и продуцент Леонардо ди Каприо е на одмор во Малибу, а друштво му прави неговата девојка Камила Мороне. Двајцата го прославија празникот на трудот, кој во Америка се слави секој прв понеделник во септември.

Ди Каприо и Камила се во љубовна врска од 2017 година. Претходно, глумецот беше познат по врските со голем број манекенки – со Жизел Бундшен шест години, а со Бар Рафаели пет. Го поврзуваа и со Блејк Лајвли, Ерин Хетертон, Тони Гарн, Кели Рохрбах и Бриџет Хол.

Кон крајот на јуни Камила имаше роденден, а Ди Каприо не штедеше. Прославата ја организираа на луксузна јахта долга 43 метри, на која од Лос Анџелес пловеа до крајбрежјето на Малибу.

.

Scroll to Top