Француската актерка и модел Летиција Каста се појави на модна ревија во Капри, Италија и ги воодушеви сите во едноставен црн фустан со длабоко деколте.
Оваа убавица, која и денес, во својата петта деценија, плени со својата убавина и изглед, изгледаше занесно во фустан кој ја следеше нејзината линија на телото, но деколтето сепак ги привлече погледите на присутните.
Таа беше многу женствена во оваа многу едноставна, но предизвикувачка комбинација, а не носеше накит.
Летиција, која сè уште важи за природна убавица, на почетокот на 2000-тите беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а она што денес ја издвојува од другите е тоа што не направила пластична операција, туку остарела сосема природно.