Летиција Каста ќе снима филм во Битола

Поранешниот модел и актерка Лeтиција Каста ќе снима филм во околината на Битола. Филмот „Зад хоризонтот“ во швајцарско-француска копродукција ќе се снима од 20 јули до 24 август во неколку битолски села. Филмот ќе го режира Делфин Лерис. Македонија не е копродуцент во филмот, но ги нуди услугите за снимање.

Французинката е еден од најпопуларните топ-модели во 1990-тите години. Таа се најде на насловните страници на најпознатите светски модни магазини. Работеше ревии со сите светски дизајнери, а најпозната е како модел на „Викторијас сикрет“. Каста има снимено преку 20 играни филма, меѓу кои„Астерикс и Обеликс“, „Утрата што пеат“, „Французинки“, „Зад ѕидовите“ и други.

Scroll to Top