Лезбиското љубовно писмо на Мадона оди на продажба  

Љубовното писмо кое Мадона го напишала во 1991 година наскоро ќе се продава на аукција. Поп-кралицата писмото го напишала за манекенката Аманда Казалет, која страсно ја бакнуваше во славниот спот за песната Justify My Love година претходно.

Мадона во писмото ѝ објаснила на манекенката колку ја привлекува и што сè е подготвена да направи за да бидат заедно. Духовито напишала дека да ја контактира Аманда е еднакво на обидот да се „заведе папата“.

„Не можам да ја објаснам привлечноста што ја чувствувам кон тебе, но тука е. Ти си најубавата жена на светот“, пишувала вљубената пејачка.

Почетната цена на писмото е 15 000 долари, ќе биде продадено на оној кој најмногу ќе понуди, а под наведената цифра не оди кај никого.

Scroll to Top