Лијам Нисон поради расистичка изјава си создаде непријатели во јавноста

Во екот на немирите кои се случуваат низ САД, поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, многумина се потсетија на минатогодишната расистичка изјава на холивудскиот акционен глумец Лијам Нисон, со која си создаде голем број непријатели во јавноста.

Тој минатата година ја шокираше јавноста со неговата расистичка изјава за човекот кој ја силувал неговата девојка пред 50 години. Тој го нарече силувачот црн гад и бараше одмазда за неговата девојка. Таквата негова изјава наиде на голема осуда во јавноста.

Поради ваквиот сплет на настани, организаторите беа принудени да ја откажат и церемонијата на црвениот тепих, по повод промовирање на неговиот филм Cold Pursuit. Подоцна Нисон откри дека не можел да се соочи со јавноста и прашањата на новинарите за таквиот инцидент.

Нисон се прослави со акционите филнови, а неодамна откри дека повеќе нема намера да глуми во таквите жанрови. Со глума се занимава повеќе од 11 години, а во исто време сериозно тренирал и бокс. Бил младински шампион во Ирска во тешка категодија, три години по ред. Сепак глумата е таа која надвладала во изборот на кариерата.

На филмското платно дебатирал во далечната 1973 година, а за улогата во филмот „Шиндлеровата листа“ беше номиниран и за Оскар, Бафта и Златен глобус. Нисон доживеа семејна трагедија во 2009 година, кога ја изгуби неговата сопруга Наташа Ричардсон. Нејзината повреда на скијање беше кобна за неа.

Нисон бил принуден да ја исклучи од апарати, а губењето на Наташа, страшно го погоди целото семејство на актерот. Нисон вчера го прослави својот 68. роденден.

Scroll to Top