Лили Ален прозборе за зависноста од опијати на секс турнејата со Мајли Сајрус

By

Британската пејачката Лили Ален изјави дека во минатото консумирала опијати за да ја намали телесната тежина. Ален изјави дека станала зависна од „Адерал“, бидејќи се чувствувала несигурна додека била на турнеја со Мајли Сајрус. Таа сметала дека Сајрус е помлада и поубава од неа.

 

„Се омажив на 24 години. Шест месеци откако се роди мојот син, останавме без пари и моравме повторно да се вратиме на работа, бев млада и воопшто не се чувствував како поп-ѕвезда“, изјави пејачката. „Почнав да ја користам оваа дрога наречена „адреал“, со помош на која ослабев, за потоа да станам зависник затоа што ме тераше да се чувствувам непобедлива и можев да работам со часови“, раскажува таа.

  

„Потоа завршив на турнеја во Америка, поддржувајќи ја Мајли Сајрус. Tоа беше многу  секси турнеја, а јас ги поминав последните три години туркајќи бебиња. Ја поддржував оваа девојка која беше многу помлада и попривлечна од мене“, изјави пејачката која почнала да експериментира на сите начини.

Лили откри дека го изневерила тогашниот сопругот Сем Купер за време на турнејата, вклучително и со ескорт дами. Откри дека размислувала да земе и хероин, но кога дошла до тој степен едноставно знаела дека треба да оди на рехабилитација.

„Почнав да го изневерувам сопругот и секогаш кога не земав дрога, пиев алкохол. Бев во Лос Анџелес и размислував дека ништо од ова веќе не функционира, можеби треба да пробам хероин“, вели таа. Но, бидејќи знаела што се случува со луѓето кои земале хероин, знаела дека е време да се спротивстави на сопствените демони и да побара помош.

Лили Ален има две деца со Купер, а сега е во брак со актерот Дејвид Харбор со кој се венча во Лас Вегас, минатата година.

  

Ќе ви се допадне