Линдзи Лохан е обвинета за рекламирање на криптовалути

Глумицата Линдѕи Лохан, јутјубертот Џејк Пол и уште шест познати личности се обвинети за рекламирање на криптовалути. Комисијата за хартии од вредност на САД ги обвинија затоа што не пријавиле дека биле платени за тоа.

Обвиненијата доаѓаат како дел од тужбата кон претприемачот Џастин Сан за рекламирање на критповалутите Tronix и BitTorrent без регистрација кај надлежните органи, како и за манипулирање со тргување со криптовалутите на неговата платформа.

Комисијата тврди дека Сан се обидел да го стимулира Tronix создавајќи влијание со тргување на секундарниот пазар така што неговите вработени купувале и продавале средства.

„Овој случај уште еднаш го покажа ризикот со кој се соочуваат инвеститорите кога крипто-средствата се нудат и продаваат без соодветно прикажување“, рече во изјавата претседателот на SEC, Гери Генслер.

Сан, исто така, ги убедил инвеститорите да ја купат криптовалутата преку кампања во која тој и неговите познати промотери го криеле фактот дека им се плаќа за нивните твитови, рече Генслер.

Без да ја признаат или негираат својата вина, Лохан и Пол се согласија да платат парични казни од 40.670 и 101.887 долари.

Ѕвездата Мишел Мејсон, позната како Кендра Луст, раперот Лил Јахти познат како Мајлс Паркс МекКолум и пејачите Не-Јо како Шафер Смит и Акон како Алионе Тиам исто така се согласија да се спогодат.

Scroll to Top