Линдзи Лохан го откри полот на бебето

Актерката Линдзи Лохан (36) кон средината на март откри дека е бремена, а сега го откри и полот на бебето, пишува ТМЗ. Линдзи и нејзиниот сопруг Бадер Шамас (36) чекаат машко бебе.

Двојката се венчаше лани, а актерката на социјалните мрежи ја објави свршувачката во 2021 година. Моментално тие живеат во Дубаи.

Пред да открие во март дека е бремена, таа се појавуваше во широка облека на различни настани.

Да потсетиме, по филмот „Опасни девојки“, Линдзи стана сè поопасна девојка со својот распуштен начин на живот. Во неколку наврати била апсена поради возење под дејство на алкохол и дрога. Бидејќи не ги сфатила сериозно двете условни казни кои ги добила во 2007 и 2008 година поради возење во пијана состојба, во 2010 година била осудена на 90 дена затвор.

На крајот, таа помина само 14 дена во затвор, поради наводна пренатрупаност, а потоа беше префрлена на рехабилитација. За една година успеала да потрошила многу пари за забави, алкохол, дрога, хотелски сметки, но и за казни и рехабилитација.

По затворот и рехабилитацијата, Линдзи се смири и се повлече од јавноста, а за неа не се пишуваше многу. Потоа таа помина многу време на Блискиот Исток.

Таа отвори свој ноќен клуб во Грција во 2018 година и набргу потоа започна реално шоу на МТВ наречено „Линдзи Лохан Бич Клаб“. Шоуто траеше една сезона и не постигна голем успех.

Scroll to Top