Светскиот економски магазин „Форбс“ објави листа на 100 најплатени славни личности. На првото место се најде Кајли Џенер со заработка од 590 милиони долари.
Веднаш зад неа се наоѓа сопругот на нејзината сестра Ким Кардашијан, Кање Вест, со заработка од 170 милиони долари.
На третото место е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со заработка од 106.3 милиони долари. Четврт е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо со заработка од 105 милиони долари, а веднаш зад него е неговиот најголем ривал, фудбалерот на Барселона Лионел Меси.
Аргентинецот остварил заработка од 104 милиони долари. Актерот Тајлер Перисе е на шестото место на списокот на „Форбс“ со плата од 97 милиони долари.
По него, уште еден фудбалер се најде на списокот, Нејмар заработи 95,5 милиони долари во истиот период. Осмата позиција ја зазеде ТВ и радио водителот Хауард Стерн, со заработка од 90 милиони долари.
На деветтата позиција беше еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, со плата од 88,2 милиони долари.
Местото број 10 го зазеде актерот Двејн Џонсон, кој заработи 87,5 милиони долари во истиот период.