Лнда Евангелиста се бори со рак на дојката: Малку луѓе знаеја, оти не сакав медиумите да ми спијат пред врата

Супермоделот од 90-тите Лнда Евангелиста која се врати на голема врата на модната сцена со насловната на  „Вог“ откри дека во последните пет години двапати се борела со ракот на дојката.

Евангелиста се појавува на новата дигитална насловна страница на WSJ.  Во искрено интервју, супермоделот (58) сподели дека првпат и бил дијагностициран рак на дојка во 2018 година.

 

 

 

„Тоа беше откриено на мојот годишен мамограф“, рече таа за медиумот. „Маргините не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење, бидејќи сакав се да оставам зад мене и да не се занимавам со ова, се одлучив за билатерална мастектомија. Мислејќи дека сум добра и подготвена за живот. Ракот на дојката немаше да ме убие“, вели таа. 

Но, во јули 2022 година, Евангелиста почувствувала грутка на градите и на крајот дознала дека ракот на дојката и се вратил.

 

„Ископајте дупка во моите гради“, му рече таа на својот онколог по втората дијагноза. „Не сакам да изгледа убаво. Дали ме разбираш? Јас не,а да умирам од ова“.

Неодамна, онкологот за пост-канцер на Евангелиста ѝ рекол дека нејзината прогноза е „добра“, но манекенката признала дека не била целосно воодушевена од веста, прашувајќи го својот доктор: „Зошто не е одлично?

„Па, може ќе се врати, има шанса“, рече таа, ѝ рекол докторот, додавајќи дека добила и „ужасна оценка за онкотип“, бројка што го претставува ризикот од повторување на ракот.

Евангелиста, исто така, призна дека  нејзината иднина е неизвесна, па таа е едноставно благодарна за секој ден.

„Знам дека имам една нога во гробот, но не се предавам“, рече таа. Пријател на Евангелиста открил за Пипл дека супермоделот се враќа во форма и се чувствува добро.

„Со објавувањето на нејзината книга со Стивен Мајзел, насловната страница на Вог од септември, а сега и со интервјуто во магазинот WSJ., Линда е во славенички режим“, изјави ексклузивно за Пипл пријателката на Евангелиста.

Кога станува збор за нејзиното патување со рак на дојка, Евангелиста останува оптимист, а истовремено е одговорна за одржување на свесноста за нејзиното здравје. Дури сега стигнала до точка кога е подготвена да ја сподели својата битка со ракот, правејќи го тоа по свои услови.

„Го премолчив. Само мал број луѓе знаеја. И јас едноставно не сум од оние луѓе кои мора да споделуваат сè“, рече таа за медиумот. „Си помислив, ќе го споделам ова еден ден, но додека поминувам низ него, апсолутно не. Не сакам Дејли Меил да чека пред мојата врата како што прават секогаш кога ќе се случи нешто. „Линда се виде за прв пат по бла бла бла.“, вели супермоделот.

 

 

Scroll to Top