Луис Артур е новиот принц на Кејт и Вилијам

Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт, соопштија дека нивното трето дете ќе се вика Луис Артур. Официјалното име на новороденчето ќе гласи – Неговото Височество принц Луис од Кембриџ.

Луис е третото дете на Вилијам и Кејт, а се роди минатата недела. Двојката веќе ги има синот Џорџ и ќерката Шарлот.

Името на митскиот британски крал Артур беше едно од најчесто спомнуваните можни имиња за третото дете на кралската двојка.

Scroll to Top