Луис Хамилтон и Никол Шерцингер повторно заедно

Возачот на Формула 1 Луис Хамилтон и пејачката Никол Шерцингер се повторно заедно, пишуваат светските медиуми. Двојката беа во врска во периодот од 2008 до 2015 година.

Двајцата биле видени заедно во Лондон на синоќешното доделување на „Британските модни награди“, кои ги слават најдобрите таленти во модната индустрија.

Британски „Дејли мејл“ во февруари годинава објави дека хакери успеале да дојдат до интимното видео од нив двајцата и да го објават. Шерцингер призна дека видеото го снимиле со мобилен телефон.

„Навистина не знам зошто некој имал корист да ја објави таа снимка. Тоа е ужасна работа да му се направи на некого“, изјавила пејачката.

Британските медиуми пренесуваат дека од неодамна Шерцингер и нејзините колешки од групата Pussycat Dolls се повторно заедно. По речиси една деценија, тие првиот настап го имаа во шоуто „X-фактор“, каде Никол е и член во жирото.

На почетокот на декември, откако се разделија пред речиси една деценија, една од најпопуларните женски групи „Pussycat Dolls“ се обедини. Тие првото појавување го направија по повторното обединување во шоуто на шоуто „Х Фактор“, во кое Никол е исто така член на жирито. Тие беа многу возбудени, а Шерцингер истакна дека ова е само почеток, пренесува „Дејли меил“.

 

 

Scroll to Top