Луис Хамилтон ја возеше Шакира на јахта

Пејачката Шакира е фатена во Мајами во друштво на британскиот возач на Формула 1 Луис Хамилтон (38). Тие заедно уживаат на неговата јахта во друштво на неколку пријатели, а светските медиуми пишуваат за можна романса.

Шакира минатата недела беше видена во друштво на актерот Том Круз на самата трка на Формула 1, а по натпреварот на вечера со Луис Хамилтон. Луис не се прославил во трката, завршил на шестото место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен го освоил првото место.

Шакира минатата година ја прекина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике поради неговото неверство. Таа неодамна се преселила со своите синови од нивниот заеднички дом во Барселона во Мајами.

Додека тој изгледа тажно и запоставено, пејачката ужива во својата слобода. Никол Шерцингер, Рита Ора и Кендел Џенер се бивши девојки на Луис Хамилтон.

Scroll to Top