Актерот Лук Вилсон и голф играчот Бил Хас биле повредени со сообраќајна несреќа. Во несреќата едно лице загинало, а две лица биле сериозно повредени.
Според извештајот на полицијата, Ферари удрило во автомобилот што го возел 46-годишниот Лук, братот на Овен Вилсон. Лицето што го возело Ферарито починало. Вилсон поминал со помали повреди, а Хас се здобил со сериозни повреди, по што бил пренесен во болница. Во болница била пренесена и 50-годишна жена.
Таткото на Хас за медиумите изјавил дека неговиот син има болки и отечени нозе, но нема скршеници.
„Бил имал голема среќа“, рекол неговиот татко.