Луксузен брод со 2.000 кабини и 22 палуби за сопругите на англиските фудбалери во Катар

Сопругите и членовите на семејствата на англискиот фудбалски тим се сместени на луксузен брод за крстарење MSC „Europa“.

Оваа пловечка палата вреди над една милијарда евра и на гостите им нуди широк спектар на активности. Има над 2 илјади кабини, 22 палуби и е долга 333 метри. И додека на играчите, како и на посетителите на Катар, алкохолот им е строго забранет, на овој брод нема забрана, посетителите можат да уживаат во пиво, но и во коктели.

Играчите на Светското првенство во Катар имаат организирано сместување, но партнерите кои избрале да ги придружуваат за време на првенството ќе мора да бидат во различно сместување.

Темата која предизвика особен интерес во јавноста и за која пишуваа „Ројтерс“ и „Индипендент“ е каде се наоѓаат сопругите на фудбалерите.

Во неделата на стадионот Ал-Бајт во Катар свечено беше отворено 22. Светско првенство во фудбал, а покрај натпреварите вниманието на јавноста го привлекуваат фудбалерите и нивните семејства.

Scroll to Top