Луксузни патики инспирирани од Мајкл Џексон

Дизајнерот Џузепе Заноти, по поводот 60. роденден на Мајкл Џексон создаде ексклузивна колекција на патики во соработка со фондот кој се грижи за неговото наследство. На овој начин Италијанецот сакал да му оддаде почит на кралот на поп-музиката, кој почина пред 9 години.

 

Моделите беа претставени на гламурозната роденденска прослава во чест на Мајка, што се одржа во Лас Вегас, а ги претставија неговите деца Париз и Принц Џексон. Патиките се достапни во три бои – бела, црна и сребрена – и се украсени со натписот TRIBUTE со Сваровски кристали. На едно од копчињата е напишано името Мајкл.

Бидејќи се работи за ограничена колекција од само 2000 чифта чевли, секој пар е обележан со единствен број и ќе се продава по цена од 1.295 долари. Колекцијата има и еден посебен модел украсен со рубини и црни дијаманти, а ќе се продадва на аукција во ноември. Средствата од продажба на овој пар се наменети за хуманитарното здружение The Elizabeth Taylor AIDS Foundation.

Scroll to Top