Мадокс планира да им го одземе старателството на Бред и Анџелина над браќата и сестрите

Најстариот син на Бред Пит и Анџелина Џоли, 19-годишниот Мадокс, планира да им го одземе старателството на своите родители над браќата и сестрите, пренесува New Idea.

„Тој е свесен дека тоа е голем чекор, но и дека има голем број правни пречки, кои ќе мора да ги реши. Тој гледа дека битката меѓу Анџелина и Бред за старателството влијае на неговите браќа и сестри. Мадокс смета дека ова е најдобар начин да ги заштити“, открива извор близок до семејството.

Од кавгата меѓу Мадокс и Бред Пит помина многу време, а тоа е и една од главните причини поради кои Џоли побарала развод. Односот меѓу нив двајца сè уште не е затоплен. Тоа е главната причина зошто тој сака да ја преземе грижата за своите помлади браќа и сестри.

„Постојатното карање со неговите родители се чини дека никогаш нема да престане. На Мадокс му е доста од сè. Тој е загрижен за своите браќа и сестри. Свесен е дека тоа е голема обврска, но чувствува дека пораснал од разделбата на родителите и дека може да се справи со таквата обврска“, вели изворот.

За потсетување, од разводот од 2016 година, најстариот син на холивудската двојка цело време е со мајка си, а за татко му не сака да слушне. Во една пригода тој изјавил дека воопшто не се чувствува како син на Бред Пит.

Анџелина Џоли одлучи да го посвои Мадокс во 2002 година додека го снимала „Томб Рајдер“ во Камбоџа. Таа видела во каква беда живеат луѓето таму и не сакала Мадокс да го доживее тоа.

Тогаш Анџелина беше во брак со глумецот Били Боб Торнтон, а само три месеци подоцна се разведе од него, па Мадокс продолжи да го чува сама. Неколку години подоцна, во Етиопија, Џоли ја посвои Захара. Кога се запозна со Бред Пит, го посвои Пакс од Виетнам.

Поранешната двојка има и три биолошки деца, ќерката Шајло и близнаците Вивиен и Нокс.

 

Scroll to Top