Мадона ги откажа концертите

Пејачката Мадона поради здраствени проблеми откажа неколку настапи во рамки на турнејата „Мадам икс“, пренесуваат светските медиуми. Таа на обожавателите им се извини и побара разбирање за нејзината состојба.

„Ве молам да ми простите. Откажувањето на концертите е казна и за мене. Болката што сега ја чувствувам е голема. Ми треба одмор и морам да ги следам упатствата кои ми ги даде лекар. Ветувам дека ќе се вратам посилна и подобра и дека ќе продолжам со мојата турнеја заедно со сите вас“, напиша Мадона на социјалните мрежи.

Голем број фановите и посакаа брзо закрепнување. Турнејата на Мадона се очекува да продолжи на 7 декември во Филаделфија. На обожавателите автоматски ќе им бидат вратени парите од дистрибутерите на билети.

Scroll to Top