Мадона наводно била оживеана со инекцијата „Наркан“, која се користи за лица кои се предозираат со дрога, пренесе RadarOnline. Минатиот месец беше примена на интезивна нега ѝ била во многу лоша состојба. Била пронајдена во несвесна состојба во нејзината куќа во Њујорк на 24 јуни.
Луѓето кои ја нашле морале да ѝ ја дадат инекцијата „Наркан“, лек кој се користи во итни случаи за брзо прочистување на лица кои се предозирале со наркотици. Во случајот со Мадона, рекоа дека го користеле затоа што пејачката паднала во септички шок, а не затоа што се предозирала.
Според порталот, засега нема докази кои укажуваат на тоа дека поп ѕвездата се предозирала. Од порталот PageSix се обиделе да дојдат во контакт со нејзиниот пијар, но досега не добиле одговор. За потсетување, Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интезивна нега.